Вечерва аеродромот „Александар Велики“ грми, пристигнаа ракометарите на РК Вардар.
Откако вчера остварија историски триумф и го исфрлија Хамбург од ракометната Лига на шампиони, денес ракометарите на РК Вардар се пречекани како што доликува, како вистински херои. Пред „Александар Велики“ се пееа песни, се слави. Во моментов навивачите и ракометарите на РК Вардар се во „Кале“ каде што се прославува големата победа над европскиот шампион и пласманот помеѓу осумте најдобри.
Фото: www.facebook.com/rkvardar