Поповски: Ќе правиме сe младите да останат тука


Претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ вечерва во Битола порача дека доколку биде избран за претседател на Р. Македонија, во најголема мера ќе се посвети на младите и на создавањето услови да не ја напуштаат државата.

zoran_popovski– Мора економијата да ја подигнеме на повисоко ниво и буџетските средства да се трошат порационално, да обезбедиме средства за самовработување на младите луѓе, да ја деполитизираме администрацијата, со што ќе обезбедиме средства за ангажман на младешкиот потенцијал – истакна Поповски на митингот во Битола.

Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски истакна дека со појавата на третата политичка опција во Македонија збогатена е политичката понуда во државата.

– На опозицискиот СДСМ гневот им е сојузник, но ние со позитивна енергија, со натпревар на идеи и со визии им се спротивставуваме на ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Јакимовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1