Скопски Бони и Клајд ограбувале училишта, куќи, минувачи…


Деветнаесетгодишната Ј.К. од Скопје и една година помладиот скопјанец Н.Ѓ., заработија кривични пријави поради сомнение дека извршиле осум кражби и се стекнале со противправна имотна корист од околу 212.000 денари, соопшти МВР.

Првото кривично дело го извршиле заедно во временскиот период од 31 март до 5.03.2017 до 6 мај 2017 година во куќа на улица Ниџе Планина, на тој начин што вторпријавениот со физичка сила насилно ја отворил влезната врата, по што двајцата влегле во куќата и украле разновиден златен накит, по што ја напуштиле куќата. Украдените златни предмети Ј.К. ги продала во златарница која се наоѓа во Старата скопска чаршија, а добиените пари пријавените ги поделиле меѓу себе.

Второто кривично дело исто така го извршиле заедно на 20 мај минатата година во куќа во село Долно Лисиче. Откако момчето дознало дека сопственикот со неговата фамилија се на семејна веселба и во куќата нема никој, заедно со девојката со патничко моторно возило „фиат пунто“ дошле до куќата каде насилно ја отвориле вратата и украле пари и златен накит. Украдените златни предмети повторно ги продала во истата златарница.

Третото кривично дело момчето т го извршил на 22 мај 2017 година на булевар Јане Сандански, на паркинг каде што забележал жена, по што се доближил со моторот до неа и и го скинал златниот синџир, меѓутоа не успеал да го земе бидејќи паднал на земја, а во раката му останал само златниот приврзок, кој го земал со себе и пак го продале во златарницата во Старата Скопска чаршија.

Четвртото, петтото и шестото кривично дело Н.Ѓ. ги извршил на 30 мај лани во основното училиште „Љубен Лапе“, на тој начин што незабележан од никого влегол во училиштето и на првиот кат дошол до училиницата која била празна и од три ранци украл три мобилни телефони по што го напуштил местото на настанот.

Седмата кражба ја ивршил на 5 септември 2017 година во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, на тој начин што незабележан од никого влегол во училиштето и додека траела наставата ја искористил приликата и влегол во незаклучената канцеларија на педагогот и дефектологот и од бирото украл еден мобилен телефон, а од ташната го извадил паричникот и од него одзел пари, по што го напуштил училиштето. Истиот ден украдениот мобилен телефон го продал на непознат купувач на Бит Пазар.

Осмото кривично дело момчето сам го извршил на 4 октомври минатата година на булеварот „Трета македонска бригада“, поточно во средното училиште „Владо Тасевски“ – Скопје. Тој влегол во училиштето и искористил прилика додека сите биле на настава и од канцеларијата на педагогот украл еден женски паричник во кој имало пари и лични документи. Украдените пари ги потрошил за свои потреби, а паричникот со документите го фрлил во тревата на булевар Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1