Ноќеска доаѓа страшно невреме во Македонија, УХМР прогнозира снег и силен ветер


Ноќеска од запад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад. Во котлините долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег а на југоситок само од дожд.

Повеќе врнежи ќе има во вториот дел од ноќта кога врнежите од снег повремено ќе се засилуваат.

Во западните делови ќе се формира снежна покривка, помала по котлинита, а на планините ќе достигне околу 10 см.

Врнежите до пладне ќе престанат. Утре ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер.

Во повисоките делови од Скопската котлина врнежите ќе бидат од снег, а во пониските само повремено ќе преминуваат во снег и ќе бидат со слаб интензитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1