Три скопски села на скопска црна гора се отсечени целосно, едно едвај преживува со набавка на производи , а селатата од општина Чучер Сандево денес добија чист пат. До Танушевци, Малино и Брест е невозможно да се стигне бидејќи никој не го чисти регионалниот пат. Три општини делат една улица и секој си ја префрла надлежноста за чистењето. Така и патот е на три дела исчистен. На терен денес беше градоначалникот на општината Чучер Сандево, пишува Телма
Но само на половина километар од Кучевиште жителите на селото Оризари мака мачат да стигнат на работа , но и да добијат неопходни животни намирници во продавниците. Нивниот дел од патот треба да го исчисти општината Шуто Оризари, но до сега ниту багер ниту камион не поминал. Велат, добро е што децата се на распуст, бидејќи автобускиот превоз е во целосен прекин. Овие села се поврзани со пат кој е надлежност на Македонија пат и дел на градот.
Во градот Скопје се уште главните тротоари и паркинзите не се исчистени. Снег и мраз го отежнуваат движењето на граѓаните како и паркирањето на автомобилите.