Скопскиот аеродром затворен, летовите пренасочени на приштинскиот


Скопскиот аеродром „Александар Велики“ поради маглата и денеска е затворен за сообраќај. На веб страницата на аеродромот стои дека дел од летовите се пренасочени во Приштина.

aerodrom maglaПоради маглата скопскиот аеродром беше затворен за сообраќај и во текот на викендот. Маглата денеска го отежнува патниот и воздушниот сообраќај, додека железничкиот засега се одвива без застој.

Намалена видливост од 50 до 100 метри, како што информираат од на ЈП „Македонија пат“ има во Куманово-Крива Паланка, Куманово- Свети Николе, Тетово-Скопје, Тетово-Гостивар, Тетово-Јажинце, Тетово-Попова Шапка, Велес-Штип, Велес-Скопје.

Во Штип-Неготино видливоста е од 15 до 20 метри, во Штип-Радовиш од 50 до 70 метри, а во Битола 50 метри. Во Прилеп видливоста е 40 метри.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива тековно, наместа по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1