Во Сочи постои вила локално позната под името Дача. Во неа некогаш живеел диктаторот Јосиф Сталин. Се наоѓа на брдото над градот, и е со зелена боја како не би била лесно воочлива и да се претопува со дрвјата околу.
Изградена 1937 со најсовремена брзбедносна опрема за тоа време. Дури и кожниот намештај бил полнет со коњски влакна кои во тоа време биле најдобар сопирач на куршуми.
Сталин наредил за спалните соби да се направат посебни брави и клучеви, за послугата да не може да има пристап до неговата приватност.
Послугата живеела во одвоен објект, каде спремала храна, миела садови и облека, бидејќи Сталин, наводно, не го сакал мирисот на храната и звуците.
Вистинската причина била водата. Имено, сметал дека звукот на водата која тече му пречи на неговиот ум, па така не би можел да ги слушне потенцијалните атентатори како се движат.
Била негово омилено летувалиште а во неа освен што ги носел најважните одлуки тој тука и умрел на 5 мај 1953.
Во вилата немало теписи, бидејќи наводно Сталин сакал да слуша кога некој му приоѓа. Вилата сега е отворена за јавноста, но туристите можат да ја разгледаат само со туристички водич. Се планира и да може туристи да преноќат во неа за цена од 270 до 470 долари по ноќ.
Еве како изгледа