Славица покрај родилиштето пронајде напуштено бебе, го крстија „Среќко“


Тукушто родено машко бебе, оставено во платнена торба во дворот на „Бетанија“ во петокот попладне пронајде Славица Фејсa, новинарка на „Руско слово“ која овој дел од новосадското родилиште го користи како скратен пат до работа.

-Како што поминував до продавницата за детска опрема слушнав детски плач и прво помислив дека некој оставил бебе пред дуќанот и влегол во бутикот, но кога се доближив повеќе ја видов таа торба на бетонот и сфатив дека плачот доаѓа од таму, и кога ја отворив видов голо дете на кое уште имаше траги од породување и кому папочната врвца му беше врзана во чвор. Мислев дека ќе се онесвестам, но го подигнав и тргнав да барам помош, вели Славица и додава дека овој настан ќе го памети цел живот.69516-10fejsa_foto_alo_d913_850x850

Прв на помош и пришол сопственикот на бутикот „9.Мај“ пред кој било оставено бебето, Бранислав Штрбац, кој веднаш го алармирал обезбедувањето од родилиштето, а потоа и медицинскиот персонал кое со неверување гледало во детето. Според Славица, откако бебето го предале на лекарите и сестрите, продолжила во шок кон својата редакција и кога стигнала таму сфатила дека не оставила свои податоци во Бетанија.

-Им се јавив, а потоа брзо се вратив во „Бетанија“ каде стигна полицијата, се собрале доктори кои неверувале во тоа што се случило. Ми рекоа дека детето е добро и дека нема никакви повреди, вели Славица и додава дека била во Детската болница да го посети бебето, но не можела да влезе кај него кој веќе го добил името „Среќко“.

Докторите и пренеле дека е во добра општа состојба и дека засега нема никакви проблеми.

-Сигурно и секој друг би го направил истото, но тоа чуствство нема да го заборавам. Важно ми е што тој е добро но нема да престанам да мислам на тоа како го почна животот и каква судбина ќе има, вели Славица, инаку мајка на две деца. Детето уште некое време ќе помине во Детската болница, но за сега не се знае кој ќе ја преземе грижата за него.

За тоа ќе одлучи Центарот за социјална работа кој е вклучен во овој случај и постојат неколку можност. Бебето во некој момент може да биде преземено од старателско семејство, а може да биде и посвоен или да биде префрлен во Детското село или домот на Врачар.

Постои можност и родителите да се јават, но тие во секој случај ќе одговараат за тоа што го направиле, и ќе мора да докажат дека се способни да се грижат за детето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1