По убиството на Стивен Сотлоф, припадниците на Исламската држава најавиле дека ќе го убијат и Дејвид Хејнс, Британец оженет со Хрватка, пишуваат хрватските медиуми.
Британскиот хуманитарец се наоѓа во заробеништво во Сирија повеќе од една година, а претходно работел како директор на една компанија за подрачјето на поранешна Југославија.
Во Хрватска престојувал од 2000-тата година, а десет години подоцна се оженил со Драгана Продановиќ. Семејството на Хејнс веќе некое време живеело во Хрватска, каде што престојуваат и сопругата и ќерката на Дејвид.
Хејнс бил заробен на границата меѓу Турција и Сирија, а порталот „Вечерни.хр“ ги пренесува зборовите на Борис Милјаковац, кој имал шанса да се запознае со Британецот.
“Колку што знам, тој бил војник, за подоцна да се посвети на образованието, а последно што знам е дека се оженил и живеел во Сисак, додека подоцна заминал во Судан”, рекол Миљаковац.