Во Македонија денес уште еден надпросечно топол пролетен ден, но следува студен викенд проследен со врнежи, предупредуваат од УХМР.
Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време, утринските температури од 4 до 11 степени, а максималните дневни од 15 до 26 степени.
Во сабота претежно сончево време со локална облачност и топло време, попладне со услови за развој на нестабилност која може да донесе врнежи од дожд, температурите идентични и без промени како претходиниот ден.
Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд , врнежи кои ќе започнат попладне и во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат.
Дневните температури во опаѓање и ќе се движат од 10 до 21 степени. Во понеделник стабилизација на времето, по студеното утро со утрински температури од 0 до 7 степени, во текот на денот ќ ебиде претежно сончево со локална облачност и посвежо време со пад на дневните температури кои ќе достигнат до 7 односно до 18 степени.