Сликата со „магична моќ“ што ја криеа од Хитлер ќе биде достапна за јавноста!


Еден од најпознатите автопортрети на светот наскоро ќе и стане достапен на јавноста. Станува збор за сликата на Леонардо да Винчи за која се верува дека има магична моќ.slika-da-vinci-564x272

Во Втората светска војна оваа слика во најголема тајност е пренесена од Торино во Рим затоа што се стравувало да не падне во рацете на Хитлер, бидејќи според верувањето, би му дала уште поголема моќ.

Нејзината вредност ја потврдува фактот што од целата колекција на Леонардо која се чува во Кралската библиотека во Торино, само таа е преместена.

Директорот на библиотеката Џовани Сачани вели делка автопортретот на Леонардо во Рим не се чувал во соодветни услови, па сликата претрпела одредени оштетувања, а меѓу другото исчезнал и потписот на големиот уметник. Од 1998 година сликата  е вратена во Торино и заедно со илјадници други непроценливи цртежи и ракописи се наоѓа во посебна изградена просторија, наречена „пештера“, во која не влегува природно светло, а температурата се одржува на 20 степени Целзиусови и влажноста на воздухот на 55%.

Од тие причини, во „пештерата“ во Кралската библиотека ќе можат во еден час да влезат најмногу 50 посетители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1