Бизнисмен од Прилеп измамил пијан човек да му ги преземе долговите на фирмата


Пијан прилепчанец со измама станал сопственик на фирма, но и голем должник на Управата за јавни приходи откако бизнисмен од Битола го измамил да го потпише договорот додека бил под дејство на алкохол. Сепак полицијата успеала да ја открие измамата и им поднесе кривични пријави на инволвираните. Прилепската полиција против В.С. (46) од Битола и K.М. (41) од Прилеп поднесе кривични пријави за измама и за измама при работење со хартии од вредност или удели. 33335-0407_alkohol__

Битолчанецот бил основач на фирмата „Електро Техникон“ ДООЕЛ-Битола, која од неодамна имала блокирана сметка поради неисплатени обврски кон УЈП за даночен долг и ДДВ. Па така бизнисменот за да се ослободи од долговите, се договорил со K.М. да ја искористат вложената здравствена состојба на прилепчанецот, кого одлучиле да го измамат. Прво го напиле а, потоа го излажале да потпише Договор за пренос на удел и друга придружна документација за промена на седиште на фирма, управители и слично. Договорот бил потпишан кај нотар во Прилеп, со што оштетениот станал должник на пари за ДДВ и данок од добивка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1