Слободни денови кои ви следуваат по закон


Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Случаите како и условите кога работникот може да да го користи правото на платено отсуство, се утврдува со колективен договор согласно Законот за работни односи.no work

Правото на платено отсуство работникот го користи врз основа на одлука која ја донесува работодавачот, при што надоместокот на плата како и другите права што ги корити работникот за време на платеното отсуство, се определуват според времетраењето на користењето на тоа отсуство.

Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена.

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:

– за склучување на брак…………………………….. 3 дена
– за склучување брак на дете……………………… 2 дена
– за раѓање или посвојвуање дете……………….. 2 дена
– за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена
– за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена
– за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена
– за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден
– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена
– за елементарни непогоди до……………………. 3 дена

Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа.

Отсуство од работа поради празнување

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. (види повеќе Неработни денови за 2015 година )

Отсуство од работа поради неспособност за работа поради заболување или повреда

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување. (види повеќе Услови за остварување на правото на боледување ).

Отсуство од работа заради вршење на функции или обврски од посебни закони

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.

Право на платено отсуство од работа заради образование

Работникот кој се образува, дошколува или оспособува , како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити.

Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен договор за образование правото не е конкретно определено, работникот има право на платено отсуство од работа за деновите, кога првпат полага испити.

–ПРАВДИКО–

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1