Слон прегази преплашено дете, почина на самото место (Видео)


Во шумата Суијаканари во Јаркханд во Индија деца кои налетале на крдо слонови снимиле шокантно видео.

На снимакта се гледа како настанала паника меѓу децата што се нашле премногу близу до слоновите и еден возрасен слон брка едно од децата кое побегнало во друг правец од останатите деца.

Детето се обидело са се скрие во живата ограда, но слонот го стасал и го прегазил. Полицијата соопшти дека детето имало од 8 до 10 години и дека починало на самото место.

Мештаните кои живеат во близина на оваа шума рекоа дека ги предупредиле локалните власти дека во близина на нивното место се наоѓаат крдо слонови.

„Надлежните да реагираа, детето денеска ќе беше живо, рече еден од мештаните.

Снимаката е со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1