Словенечкиот премиер поднесе оставка


Словенечкиот премиер Миро Церар поднесе оставка. Церар ја поднесе оставката откако словенечкиот Врховен суд ги поништи резултатите од референдумот од септември околу железнички проект вреден милијарда евра, што беше најголемиот инвестициски проект на владата.

„Денес се прелеа чашата, проектот на пругата доживеа нов удар. Во такви настани не сакам да учествувам“, кажа Церар. „Почитувани државјани и државјанки, државата е денес во значително подобра состојба отколку во 2014 година. Власта ја враќам во ваши раце“.

„Чесни граѓани и граѓанки, ја враќам моќта во ваши раце. Ова го одлучив бидејќи треба да се знае што е правилно, а што не е. Ја прифаќам одговорноста и го правам она што би го направил секој политичар што заслужува почит“, кажа Церар по седницата на владата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1