Словениците имаат највисоки, Македонците најниски плати во регионот


Просечните плати во државите од поранешна Југославија се највисоки во Словенија, а најниски во Македонија, објавија во средата медиумите во регионот врз основа на најновите статистички податоци.

Според Словенечкиот завод за статистика просечната плата во мај изнесувала 1.008 евра, што е осетно повеќе во споредба со другите држави од регионот.pari evra 1

Зад Словенците, највисоки плати во регионот примаат Хрватите. Просечната нето плата во мај изнесувала 5.679 куни или 749 евра.

Во средина се Црногорците и жителите на Босна и Херцеговина. Според Монстат, просечната нето плата во мај изнесувала 481 евро, а според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ просечната исплатена нето плата изнесувала 424 евра.

На дното се наоѓаат Србија и Македонија, каде просечните плати се нешто над 350 евра.

Републичкиот завод за статистика на Србија објави дека просечната заработувачката во мај била 43.964 динари, односно 366 евра.

Според податоците на  Заводот за статистика на Македонија, просечната нето плата изнесувала во мај 22.071 денар или 355 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1