Словенка ќе стане нова прва дама на САД?


Ако Меланија Трамп, сопругата на потенцијалниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп, ја наследи Мишел Обама како прва американска дама, за својот влез во Белата куќа ќе може да биде благодарна на еден случаен состанок во 1987 година, во главниот град на нејзината родна Словенија, пренесе РТС.

– Бев на модната ревија во Љубљана и ја видов пред зградата. Таа веројатно ја чекаше својата пријателка. Ми падна во очи бидејќи беше висока и слаба. Пријдов до неа и ѝ предложив пробно фотографирање – рече за агенцијата „Ројтерс“ словенечкиот фотограф Стан Јерко.Melania-Trump

Резултатот беа црно-бели фотографии на 17-годишната Меланија Кнавс, кои ја покренале нејзината манекенска кариера во која таа стасала до Милано и до Њујорк, каде на една забава во 1998 година го сретнала Доналд Трамп, пишува хрватскиот весник „Јуарњи лист“.

Иако нејзината приказна, сепак, не го изодува буквално патот од трње до ѕвездите, животот што го има како сопруга на американскиот мултимилијардер е далеку поинаков од нејзините скромни корени во Словенија.

Жителите од малото град Севница во југоисточна Словенија, каде што Меланија пораснала, велат дека нејзиниот татко продавал делови за автомобили, додека нејзината мајка работела како шивачка во една фабрика за детска облека.

Некои медиуми навеуваат и дека нејзиниот татко бил член на Комунистичката партија, како и многу други во социјалистичка Југославија, но потврда за кои нема.

Претседателската кампања на Трамп нуди поинаков поглед на детството на Меланија и тврди дека таа почнала да се занимава со манекенство веќе во петтата година, дека нејзиниот татко бил менаџер во автомобилка компанија, додека нејзината мајка – модна дизајнерка.

– Нејзиниот татко никогаш не бил комунист – рече за агенцијата „Ројтерс“ портпаролката на претседателската кампања на Трамп.
Меланија беше со сопругот минатата година во Њујорк кога Доналд објави дека ќе се кандидира за претседател, но од тогаш таа е во втор план.

Не доаѓа на неговите митинзи, на кои Доналд повремено ги носи своите деца, но затоа тој често пати ја споменува.

– Кога видов за кого се омажила, ја забележав сличноста меѓу Доналд и нејзиниот татко. Постојат физички сличности, а и двајцата се зависни од работа. Мислам дека таа во него ја пронајде својата сродна душа, некој со кого се чувствува безбедно – вели Мирјана Јеланчиќ, нејзина пријателка од детството.

Родителите на Меланија се уште живеат во семејниот дом со мал двор и неколку овошни дрвја, иако многу време тие поминуваат во САД, каде што живее и нивната друга ќерка Инес.

Меланија во Љубљана започнала да се занимава со манекенство и ја освоила титулата прва придружничка на Мис Словенија во 1992 година.

– На почетокот таа беше срамежлива, но брзо учеше и покажуваше интерес за секој детал од фотографирањето – вели Јерко, кој додава дека набрзо потоа Меланија се претворила во гламурозна пеперутка.

Идната г-ѓа Трамп, кој набрзо по пристигнувањето во САД поради полесен изговор ја исфрлила буквата „ј“ од своето име, повеќе не направила чекор назад.

Во Севница не се сеќаваат дека ја виделе во изминативе неколку години. Меланија сепак донирала возило за Брза помош за локалниот здравствен центар, за да го прослави раѓањето на својот син Барон во 2006 година, една година по венчавката со Доналд Трамп. Некои се надеваат дека може да пристигне уште една донација ако Доналд стане претседател.

Јерко, денес на 78-годишна возраст, се уште го чува фотографиите на Меланија.

– Јас сум сигурен дека ќе биде среќна ако нејзиниот сопруг стане претседател. Мислам дека таа е многу горда на своите достигнувања, и верувам дека јас сум помалку одговорен за нејзиниот успех – вели Јерко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1