ELEN-3-За две недели Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за екс разузнавачот Слободан Богоевски, двајцата адвокати Томановиќ и Пешликовски и уште тројца обвинети во случајот познат како „Агент“.

Тие денеска на рочиштето за завршни зборови побараа ослободителна пресуда и негираа перење пари и било какви злоупотреби со земјиштето кај базенот во Карпош.

„Совеста ми е чиста, противправно не сум стекнал ниту едно евро“ рече адвокатот Томановиќ.
И тој и Богоевски објаснуваа оти нелогично е да одговараат дека стекнале незаконска корист кога во судскиот процес нема оштетена страна. Адвокатите велат во случајот станува збор за нормални облигациони односи и нема никаков криминал. Според обвинетите, со договорите тие ја спасиле Македонија да биде дадена пред арбитражен суд бидејќи државата во 2000 година на кипарската фирма на бизнисменот Кондаминас и продала земјиште кое не било нејзино.

Богоевски и двајцата адвокати речиси 8 месеци се во притвор. Обвинителство ги товари за злоупотреба на службената положба и дека испрале 1 милион евра преку фиктивни фирми и фиктивни договори.

Kanal 5