Случај Дениса: МВР прави профил на ДНК од родителите, ќе биде испратен во Грција


Пред куќата на Дениса Маркоска во Прилеп, и денеска родителите во шок воопшто не сакаа да дадат изјава за јавноста. Член на семејството само  потврди дека тие доцна синоќа дале ДНК примерок, кој сега треба да се спореди со ДНК анализата на пронајдениот труп кај грчкиот остров Карпатос.

Налогот за земање на ДНК анализата била даден од страна на Јавното Обвинителство во Прилеп по барање на МВР, каде и во моментов се наоѓаат земените примероци. Од МВР велат дека во моментов прават ДНК профил на земениот материјал кој потоа преку Интерпол Македонија ќе биде испратен на Интерпол Грција, пренесува МТВ.denisa brod

И покрај инсистирањето на семејството споредбата на примероците да се прави кај нас, тоа не е можно затоа што според законот нивниот ДНК примерок треба да се испрати во Институтот за судска медицина на Родос каде се наоѓа и телото на пронајдената девојка, кое било веќе во напредна фаза на распаѓање.

Како што информираат грчките медиуми обдукцијата веќе е завршена, но не се соопштуваат детали. За да се утврди дали телото е на 23 годишната Дениса Маркоска ќе се чека на ДНК примероците од Македонија.

Инаку во дописот кој грчката крајбрежна служба, од Агиос Николаос, го доставила до македонските власти, се наведува дека според пронајдената облеката и описот на трупот, тој одговарал со описот на Дениса Маркоска и облеката која таа ја носела на денот на исчезнувањето. Но засега се е само шпекулација и ништо не може со сигурност да се утврди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1