Судијката Љубинка Башевска на денешното рочиште за случајот „Пуч“ изјави дека на наредното рочиште ќе мора да издаде наредба за стражарно приведување на лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој е еден од осомничените. Рочиштето беше одложено, бидејќи Заев повторно не се појави пред судот. Неговата одбрана соопшти дека нема потреба од стражарско приведување, бидјеќи Заев ќе се појави пред судот кога надлежноста за предметот „Пуч“ ќе ја преземе Специјалното јавно обвинителство.
Следното рочиште за „Пуч“ е закажано на 2 декември. Освен Заев кој е четвртообвинет во случајот, двајца од обвинетите, Бранко Палифров и Соња Верушевска, неодамна беа пуштени да се бранат од слобода. А првообвинетиот Зоран Верушевски и петообвинетиот Ѓорѓи Лазаревски се наоѓаат во притвор.