СЛУШАЈ И ГЛАСАЈ ОН ЛИНЕ: Ова се 6те песни во трка за претставник на Евровизија


Вчера МРТ во специјална емисија ги претстави на македонската јавност 6те песни кои се во трка да бидат претставник на Македонија за овогодишниот Евросонг во Торино, Италија.

За претставник на Македонија, во трката ќе се борат: Ris Flower, Kaly, Yon Idy, Лара Иванова, Виктор Апостоловски и Андреа.

Гласањето се одржува онлајн, се отвори синоќа а ќе трае до 04.02.2022 година, односно 7 дена. Онлајн гласовите ќе учествува половично во одлуката, а другата половина е на одговорност на стручно жири. Гласовите ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Може да се гласа на овој линк.

ТУКА може да ги слушнете селектираните топ 6 песни и изведувачи и да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа. Може да се гласа само еднаш за една композиција.

Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1