Смартфон апликација ќе ве шета низ Скопје


Град Скопје во соработка со македонската софтверска компанија за развивање мобилни апликации CodeWell, изработи комплетен дигитален туристички водич за градот, кој овозможува едноставен, но истовремено и забавен начин на навигација, достапен за Андроид смарт телефони и таблет-компјутери, пишува Вечер.

samsung-pixon-mobile-phoneОваа мобилна апликација е лесна за употреба и нуди детален опис на сите знаменитости во градот. Може да обезбеди целосна и организирана посета низ скопските кафулиња, музеи, галерии, цркви, џамии, споменици, традиционални турски амами, ресторани, барови и многу други места.

Корисникот може да добие целосен увид на посакуваната посета која вклучува галерија на слики, мапи, опис на места и рангирање на истите, како и коментари од другите корисници.
Но, она што ја прави оваа апликација уште поинтересна за користење се нејзините карактеристики и можноста корисниците сами да генерираат свој планер, да го додадат на мапата и да го организираат своето време во зависност на интересот за местата кои сакаат да ги посетат. Исто така, оваа апликација овозможува систем за едноставно сликање и споделување на сликата во вид на е-карта, разгледница и на социјалните мрежи.

Оваа апликација обезбедува динамичко информирање на корисниците. Откако ќе биде преземена може да се користи и оф-лајн, а корисникот добива целосен водич со слики, карти и опис на места.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1