Главниот град на Чиле остана без вода за пиење – се загадил изворот


Повеќе од два милиона луѓе во главниот град на Чиле останаа без вода за пиење, откако е утврдено дека е заразена водата во реката која е главен градски извор за снабдување. 


90718_voda-iz-cesme_fод вчера наутро исклучена е водата во повеќе од 593.000 домови во Сантијаго, затворени и рестораните, канцелариите и спа-центрите во областите кои останаа без вода.

„Се случи непредвидлива ситуација во околности кои се надвор од наша контрола и кои не натераа да ја исклучиме водата во 15 квартови“, изјави портпаролот на компанијата за преработка на вода „Агуас Андинас“ Кристијан Ескивел.

Според него, дошло до одрон на земјиште во реката Маипо, која е главен градски извор за снабдување со вода.

Во Сантијаго живеат околу пет милиони луѓе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1