Сметките на фризерката Благица се празни – жртвите останаа и без стан и без пари


Сметките на фризерката Благица и нејзиниот татко кои измамија голем број скопјани се празни, пренесе Дневник

frizerka1Весникот дознава дека најголем број измамени граѓани се семејства со хендикепирано лице кои најверојатно поради тоа што сметката каде ги уплатиле парите е во минус, ќе останат без обесштетување.

Откока во медиумите излезе аферата за измамата со станови, во полиција ваков случај пријавила уште една скопјанка.

– “Засега ни е познато дека од таа сметка е купен стан од 130.000 евра, автомобил „опел астра“, му биле префрлени пари на лице од Охрид, кој не ја знаел причината за трансферот на парите, како и на роднина од Струга за да купи станови за своите деца. Полицијата сега истражува каде се парите“, велат од МВР.

Според податоците од полицијата, Благица со парите од измамените граѓани си купила автомобил марка “бмв X3“ и била на луксузни патувања.

Сведоци, кои за влакно се спасиле од измамата со станови, за “Дневник“ раскажуваат дека Благица ги нудела становите со сопругот, но тој не е предмет на полициската истрага.  На неговата сметка немало пари кои потекнуваат од продажбата на станови.

“Сопругот на Благица не е осомничен во измамата бидејќи на неговата сметка нема пари и не можеме да го уапсиме само затоа што е нејзин сопруг. Нема докази против него“, велат од МВР.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1