Рита Јитендра, славната индиска професорка, писателка и уметник, ја шокираше нацијата когапочина во утринската емисија која се емитуваше во живо на телевизија во Шринагар.
Професорката Китендра разговарала со водителот Захид Муктарем за својот живот и кариера и токму кога зборуваше дека би сакала смртта да ја затекне додека работи, како што било случај со поранешниот претседал Абдула
„Раскажа некои интересни работи од својот живот и изгледаше потполно нормално. Но наеднаш замолче и почна да ика. Моравме да го прекинеме разговорот и да уфрлиме прилог за да и помогнеме“, раскажа подоцна Муктар за Индиски Телеграф
https://youtu.be/MdzXRm2feQo
Таа брзо е префрлена во болница, но кратко потоа е прогласена за мртва.
„Почина од ненадеен застој на работата на срцето“; рече докторот.
„Раскажала дека д-р Калам починал додека работел. И самата отиде така. Издиша во телевизиското студиот“, изјави Хафиза Музафар, која и го организираше престојот на професорката Јитендра во Шринагар, и и беше домаќинка.