Мзванеле Комполо, боксер од Јужна Африка почина по нокаут во двобојот со Сифенати Кампија, соопшти јужноафриканското Министерство за спорт.
Комполо, боксер на дваесет и две годишна возраст во вторникот бил нокаутиран во првата рунда, по што колабирал. Тој веднаш бил однесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Ова е втор трагичен случај во боксерски ринг во Јужна Африка во текот на оваа година. Во октомври поради излив на крв во мозокот почина и боксерот Финдиле Мвалес.
Пред два дена како последица на нокаут почина боксер во Австралија поради што тамошната Медицинска асоцијација побара забрана на овој спорт.