Смртни закани од подземјето за Камчев и Мијалков


Бизнисменот Орце Камчев и екс-шефот на ДБК Сашо Мијалков добиле смртни закани.

Медиумите пишуваат дека заканите ги упатило лице од подземјето, кое важи за блиско до структурите на СДСМ. Според пишувањата, станува збор за Даниел Трајковски, познат како Близнак. Тој објавил статус на својот Фејсбук профил во кој порачува дека „ќе купел два куршуми за 4 евра“ со кои планирал да ги убие Камчев и Мијалков, а сличен план ковал и за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.smrtni-zakani

Објавата е од профил именуван како Перла Трајковска, крстен по кучето на Даниел Трајковски, а со фотографија од Мајкл Корлеоне, познат мафијашки лик од филмот КУМ.

Според пишувањата на медиумите, Даниел заедно со неговиот брат Дејан, кој исто така извршува високи партиски задачи во СДСМ, имаат богати криминални досиеја и се многу добро познати на полицијата, но и на многуте граѓани кои ги тероризирале досега. Според информациите, Дејан Трајковски е и осудуван на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци и во моментов е во бегство. По него полицијата трага со потерница за убиство во обид.

Со ваквите пораки, анализираат медиумите, кои ги праќа Заев преку неговите соработници со криминални досиеја лидерот на СДСМ прави обид да ја втурне Македонија во подлабоки кризи. Дел од медиумите потсетуваат и на фабрикувањето афери и фалсификување документи со неговиот близок соработник Захир Бекири-Чауш, како и поддржување на т.н Шарена револуција со која направена е штета од стотици илјади евра преку уништување државен имот и споменици.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1