Смртоносна бактерија најдена во зоолошка градина Скопје – евакуирани вработените, ЗОО затворена


Eвакуација се врши утринава во Зоолошката градина во Скопје, евакуирани се ѝ вработените, поради наоѓање на бактерија.

Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје” Во моментов Зоолошка е затворена, посетителите евакуирни, а инспектори се веќе влезени, објави поранешниот директор на ЗОО, Ѓорѓи Галетановски.

-Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат, напиша Галетановски на фејсбук.

Станува збор за бактерија, а не се исклучува ниту вирус кај гуските од кој можат да се заразат и луѓето. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

Инспектори од Агенцијата извршиле увид, по што, убиени се сите птици кои се наоѓале во езерото поради контакт со заразената гуска.

Во моментов во Зоолошката градина не може да се влезе, а вработените велат дека се затечени од овој случај. Агенцијата за храна и ветеринарство од рано изутрина е во Зоолошката градина каде се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1