Смртоносниот азиски стршлен стигна во Македонија – виден во Кавадарци (ФОТО)


Големиот азиски стршен кој во Европа првпат се појави пред десет години, а пред две недели беше виден во Словенија, стигна до Кавадарци. Инсектот со портокалова глава кој ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот,  денеска го пронајдоа членовите на семејството Ничкови и тоа во дворот на семејната куќа, пишува Утрински весник.

Идат накај нас: Еве ги раните кои ги прави стршленот-убиец кој ни е пред прагот (Видео/Фото)

Семејството за весникот изјавиле дека го забалежале по неговото чудно однесување, се вртел во круг, па застанувал на земја какао да е зашеметен. Тоа го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз дрвата наредени за огрев. strsen500
-Неколку минути се обидувавме да го совладаме, но беше бадијала. Изгледаше како да е од гума, повторно успеваше да летне. За среќа, на крај го собравме во пластична кутија, раскажуваат од семејството Ничкови за Утрински.

Застрашувачки рани од убоди од стршлен – овие животни убија 49 луѓе (Видео/Фото)

Како што објаснуваат експертите, азискиот стршен има портокалова глава и голема црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум. Овој вид стршен е застапен во подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка. Азиските стршени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Летаат со брзна од 60 километри на час и за еден ден може да прелетаат 100 километри.

Целиот текст може да ги прочитате ТУКА

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1