,,заболените, а и семејствата на починатите, размислуваат за групна тужба против произведувачот на компанијата Novartis.,,
Поради вакцините против свинскиот грип денеска постојат луѓе кои одат на штаки, како инвалиди.
Откако на крајот на јули во Хрватска, агенцијата за лекови ги известила дека двајца граѓани се починати, а тројца тешко заболени од GBS, Guillian-Barreov синдром, кој се појавувал како нуспојава на вакцината против свинскиот грип, заболените, а и семејствата на починатите, размислуваат за групна тужба против произведувачот на компанијата Novartis.
Се работи за вакцина која е пуштена во продажба во декември 2009 година, и во првите месеци во 2010 година, а со која се вакцинирани преку 20,000 Хрвати.
Бројката од пет жртви по се изгледа нема да биде конечна.
Тамошните новинари разговарале со една од жртвите, Владо Перишечем од Загреб, кој по вакцинирањето преку ноќ станал инвалид.
Ризични пациенти
Со оглед на тоа дека имав срцева маана и спаѓав во ризичната група, во 2009 година се одлучив во Домот за здраство во Трње, да се вакцинирам против обичниот, но и против пандемнскиот грип.
Утрото по вакцинирањето, осетив дека нозете ми трнат, но, сепак отидов на работа. Но, веќе следниот ден не можев да стојам, ниту пак можев да мокрам. Завршив во болница во која што не можеа да ми постават дијагноза, па бев приморан да побарам и друго лекарско мислење.
„На второто место ми поставија дијагноза GBS“, се присетува Владо Перишиќ (60), инаку работник во ХРТ. По две години боледување, се вратил на работа, но не на истото работно место, затоа што во меѓувреме станал инвалид.
Сето ова време не размислувал за тужбата против произведувачите, затоа што доброволно пристапил на вакцинирањето.
Но, по натписите во весниците и информациите во медиумите, повторно побарал формулар за пристапување на вакцинација, и забележал дека со ситни букви било напишано дека бил запознает со нуспојавите, „Но не бев“, вели Перишиќ.
Таа 2009 година, имено HZZO распишал конкурс за набавка на вакцините, а победил имонолошкиот завод кој ја дистрибуирал Новартисовата вакцина. Интересно е тоа што, Новартис во договор со имунолошкиот завод потпишал ставка со која се оградува од евентуалните нуспојави на својата вакцина.
„Имунолошкиот завод сакаше истовремено да се внесе и договор со HZZO, но ние тоа го одбивме“, изјавил тогашниот директор Тихомир Стризреп.
Напротив тоа, правниот застапник на заболените Јосеп Маџариќ, тврди дека сите оние со нарушено здравје, можат да ги тужат и производителите и дистрибутерите, но, и лекарите кои на здрави луѓе им вбризгувале одредена доза.
„Оние кои ќе се одлучат да тужат, поради фактот дека овој синдром е поврзан и со респираторна инфекција, ги чека долга и тешка борба за докажување на одговорност“, порачал Маџариќ.
Поврзаноста со вакцината
Доктор Сречко Сладољев, „инсајдер“ од имунолошкиот завод кој во меѓувеме со одлука на судот е вратен на работа, уште од 2009 година, предвидел дека пациентите кои ја примиле вакцината сигурно ќе заболат од GBS, аутоимуна болест која ги уништува нервите и ги парализира мускулите.
Се работи за болест која природно се јавува на милион случаеви, па малото знаење и препознатливата етиологија се клучни за препознавање, за опасноста од вакцината. Британската регулаторна агенција од 2010 година е поврзана со GBS пандемијската вакцина.
„Во Хрватска петмина заболеле од GBS, а двајца починале. Тоа е неколку стотина пати повеќе од природна коинциденција“, вели доктор Сладољев, додавајќи дека сите настрадани, освен една личност е поврзана со пандемијска вакцина.
Две работи нас непогрешно не усмеруваат на поврзаност на вакцината со GBS, природниот се развива споро, потребни му се децении, а смртниот исход е неизбежен.
GBS, предизвикан од вакцината се развива многу брзо. GBS е ретка болест, а податоците од пред неколку години говореле дека таа може да се појави кај еден во милион болни луѓе.
Ако меѓу 10,000 вакцинирани имате 5 заболени од GBS, тогаш го поставувате следното прашање: Која е причината? Тоа е 500 пати во однос на нормалната статистика. Што би заклучиле, ако не дека станува збор за вакцината?
GBS им го однесе здравјето и животот
Гуште Јуричев од Водица, за време на свинскиот грип одлучи да се вакцинира. Две недели потоа започнаа првите здраствени проблеми и дијагностциран им бил Гуиллаин – Бареов синдром. Тоа беше проследено со сепса, заболување на црниот дроб, пневмонија, па пад во кома. Денес е целосно инвалид кој се движи со помош на штаки. Џурџица Раткајц по вакцинирањето останала речиси целосно непокретна, а одлучила да го тужи имунолошкиот завод, кој ја поврзал вакцината со свинскиот грип, како и Новартис. Правда за мајката Софију Нешиќ од Велика Горица, која по вакцинацијата починала, бара и нејзината ќерка.