Во Словенија тестирањето на Хив како услов за одобрување на кредит


Во јавноста во Словенија, која што ја пренесе хрватскиот дневен печат, се појави невообичаена случка на еден млад брачен пар, кој што поднел барање за хипотекарен кредит во износ од 75,000 евра, кој во банката наишол на невообичаен услов за заклучување на договорот.

Банката во која поднеле барање за кредит, според заклучувањето на договорот за животно осигурување, било побараано двојката да биде подложна на тестирање на ХИВ вирусот.
Ваквата пракса е дел од стандардните процедури на германското реосигурување Muenchner Rueckversicherung Gesselschaft, објаснуваат во банката.
Брачниот пар на крајот сепак морале да минат низ сите мачни процедури, а очигледно не се ни единствени.

„И покрај тоа што сме здрави, покрај сите овие исптиувања, на крајот мораме да кажеме дека излеговме истоштени“, изјавил младата брачна двојка.
Тоа што најмногу ги загрижуваат клиентите, е фактот што не знаат каде сите тие податоци за нивната здраствена состојба ќе бидат проследени. Односно дали нивните податоци ќе останат само во досијата на банката и осигурителните друштва, или пак ќе станат достапни за јавноста.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1