Младите чекаат наследство за да имаат за пензија: Мама и тато ќе ми остават доволно неморам да штедам


Младите ширум светот кои што ја имаат среќата да нивните родители им обезбедат квалитетен живот и кои што израснале во текот на Големата рецесија очигледно не научиле, а не ни сакаат да знаат за тоа како да стигнат до парите преку работа.

Речиси 40 проценти од младите генерации во Америка, на возраст од 13 до 22 години, очекуваат да добијат наследство, кое што би им овозможил мирен пензионерски живот. Но, постои еден мал проблем во целата оваа работа.
Кери Браксдајл, управен директор на инвеститорските услуги на TD Ameritrade, говори дека шансите да младите луѓе го наследат богатството на нивните родители, е сведено на минимум, затоа што и нивните родители се соочуваат со помалку безбедносен прензионерски систем, благодарение на берзанските превирања и монтажните трошоци за здраствената заштита.

Само 16 проценти од родителите се изјасниле дека имаат што да им остават на своите најмили за мирен старечки живот.

Фактот што голем број на родители имаат што да им остават на своите деца, не значи по автоматизам дека и нивната иднина е сигурна. Кај возрасните кои што имаат имоти со вредност до од отприлика 100,000 долари, 58 проценти од нив велат дека наследството не им е примарна грижа.

42 проценти пак се изјасниле дека штедењето за пензија е нивна примарна финансиска цел, а пренесувањето на парите на идните генерации е далеку доле на листата на приоритети. Само 2 проценти велат дека тоа е основна финансиска цел.

„Младите луѓе се во почетната фаза од животот и повеќето од нив сметаат дека родителите се тие кои што треба да им ги задоволат потребите“, вели Браксдејл.

Но, истражувањата покажуваат дека голем број на родители им помагаат на децата за нивните образовни трошоци, и не очекуваат од децата дека ќе им помогнат доколку останат без пензиските примања.
Децата треба да знаат дека нивните родители се соочуваат со повеќе ризични пензионерски денови во иднина. Во минатото, постарите се потпирале на пензиите, социјалната сигурност и инвестициите. И тие можат да сметаат на заштедите кои со време биле тргани настрана.

„Денеска постарите се загрижени дека нивното социјално осигурување и здраствена заштита, не секогаш ќе биде тука за да ги згрижи. И ниските каматни стапки од банките се направени на таков начин, да се потешко пензионерите ги орочуваат своите заштеди, за да преку каматите, ја обезбедат иднината на своите помлади сакани“, вели Стивен Папатера, управен директор на планирање на богатство (PNC Wealth Management).
Нивната најголема загриженост е зголемувањето на трошоците за здраствената заштита, бидејќи Американците живеат подолго.
„Ако тие живеат до 95 години, ќе се чувствуваат подобро ако имаат доволно пари за да си го направат животот покомфорен“, вели Папатера.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1