Слеп патник испаднал од авион


Унаказено тело на човек на возраст од 30 години, е пронајдено на хаубата на автомобил во лондонскиот кварт Мортлејк, а првите наводи од истрагата, покажуваат дека најверојатно станува збор за слеп патник кој што испаднал од авион.

Се претпоставува дека несреќниот испаднал кога пилотот ја активирал опремата за слетување на аеродромот Хитроу.

Како што пренесува британскиот весник „Дејли Мејл“, утврдено е дека се работи за маж со потекло од Северна Африка, а со оглед на тоа во каква положба било пронајдено телото, се претпоставува дека паднал од поголема висина.
Некои делови на телото на погинатиот се пронајдени на десет метри од паркираниот автомобил.

Причината за смртта ја утврдуваат форензичари, а полицијата претпоставува дека човекот пред падот починал од ладното време, затоа што температурата за време на летот изнесува 40 степени под нулата.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1