Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на гас во станбена зграда во Рјазањ, во централниот дел од Русија, соопштија властите.
Експлозијата се случила рано утрово околу 4:30 часот по московско време на деветиот кат од 10. катната станбена зграда изградена во 2013 година.
Според првичните информации, во експлозијата се повредени уште најмалку 13 лица, а десетина се евакуирани од оштетената зграда.
-Пожарникарите и спасувачите веднаш пристигнаа на самото место и започнаа спасувачка операција, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Во акцијата за спасување учестувавле речиси 200 лица.