Смрзнатo или свежo овошје и зеленчук – што е подобро?


Смрзнатите овошје и зеленчук се подеднакво квалитетни како свежите, а во некои случаи содржат и повеќе хранливи состојки, тврди истражување во Велика Британија.

zamrznata-hrana-1Две независни студии што ги спровеле Универзитетот во Честер и Leatherhead Food Research откриле дека во 66 проценти од случаите смрзнатите овошје и зеленчук содржат повеќе антиоксиданси како што се витаминот C, полифенол и бета-каротен отколку свежите што биле во фрижидер три денови.

Не само што антиоксидансите му помагаат на нашиот организам да остане здрав, туку тие помагаат во борбата против болести на срцето и ракот.

Доктор Рејчел Брч, која учествувала во истражувањето, тврди дека резултатите покажуваат дека смрзнатото овошје може да се спореди со свежото.

„Мора да се откажеме од мислењето дека свежата храна секогаш е подобар избор во споредба со смрзнатата”, вели таа.

Со неа се согласува и Маташа Мареј од Асоцијацијата на нутриционисти на Австралија.

„Одредено свежо овошје или зеленчук поминуваат и по неколки денови дури и недели во транспорт. Во текот на тој период тие губат одредени својства. Смрзнатите овошје и зеленчук се замрзнуваат кратко време по берењето и тоа ги затвора сите хранливи материи во нив”.

Во текот на сезоната, најдобар избор се овошјето и зеленчукот што се продаваат во близина на местото од каде што се берени, но тоа не е опција за најголем број потрошувачи така што смрзнатото овошје и зеленчук се одлична алтернатива.

„Без оглед на тоа дали намирниците се свежи или смрзнати, важно е да се запамети дека начинот на кој ги подготвуваме е клучен за задржување на хранливите состојки”, додава Мареј.

Резултатите од истражувањето за поединечни намирници прочитајте на – BabinLek.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1