СМС пораки со „Побарај ме. Ова е итно“ прават високи телефонски сметки


Лажни СМС пораки кои пристигнуват на мобилните телефони, а кои се испратени од Брегот на Слоновата коска и Естонија оштетиле повеќе граѓани во Србија. Тие кои се фатиле на замката со пораката: „Побарај ме. Ова е итно“ треба да платат телефонски сметки од неколку илјади евраsms prevara

– На мајка ми постојано и стигнуваат пораки со +225  и бараат да се јави итно. Проверив на интернет и овој повикувачки  код е на Брегот на Слоновата коска . Пораките се испишани на кирилица. Се посомневавме  во пораката и не се јавивме. Знае ли некој од каде е пораката, се дел од коментарите на граѓаните на интернет форумите.Од полицијата и мобилните оператори во Србија велат дека тоа е класична измама  направена преку софтверот на компјутерот. Се испраќаат наеднаш на десетина граѓани, а целта е да се намамат да се јават или да уплатат пари на наведениот број. Тогаш настанува штетата од неколку илјади евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1