Снег во Македонија


Заврна снег во Македонија, прв поинтензивен оваа зима. Најмногу снег има во северните делови. Во Лазарополе има 10 сантиметри снег, во Маврово седум, а во Крушево два.

snegОд Автомото сојузот на Македонија информираат дека на сите државни патишта во земјата сообраќајот се одвива без забрани.  Врнежи од дожд се забележани главно на пониските места, помешани со снег. Таму сообраќајот се одвива без проблеми.

Врнежи од послаб снег се забележани на повисоките планински места Попова Шапка, Стража, Маврово, Дебар, Крушево…

Единствено мали остатоци од кашест снег се забележуваат на патниот правец Крива Паланка кон ГП Деве Баир, но без забрани за сообраќај за возилата.

Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат возачите внимателно да ги управуваат возилата, бидејќи поради ваквите временски услови се забележува почетна појава на одрони на делниците кои минуваат низ клисурите и на повисоките планиски премини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1