Во моментов слаби снежни врнежи се регистрирани на врвовите во Маврово и на Шар Планина. По најавата на УХМР дека во текот на вечерта се очекуваат првите снежни врнежи на планинските врвови во северозападна Македонија веќе побелеа.
Во текот на ноќта можно е снежните врнежи да се спуштат и пониско, па не се исклучува да се појават снежни врнежи и на планинските превои, пред се на Стража.