Снег во Македонија- eве каде вее вечерва


Слаби врнежи од снег, вечерва се регистрирани на повисоките места во Македонија. Снег кој формирал покривка од само неколку сантиметри е регистриран на Шар Планина.

Врнежи од снег помешани со дожд се регистрирани и на планинскиот превој Стража, но не претставуаат никаков проблем за одвивањето на сообраќајот.

sneg

Снежни врнежи во моментов има и на Кожуф, но не се доволни за формирање на снежна покривка. Послаб снег денеска и на Бистра. Во Маврво стазите побелеа, но се уште нема доволно снег за скијање.

Снег во комбинација со дожд и на врвот на скопско Водно. Во останатиот дел од Македонија врнежите се претежно од дожд. Метеоролозите не најавуваат интензивни снежни врнежи во котлините во наредните неколку денови.

Во Скопје, снегот беше најавен дека ќе падне на 22 и 23 декември, како и на 30. и 31 декември, за дочекот на Нова Година.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1