Скандал во Чаир: Лекарот и сестрата не сакаа да го прегледаат болното дете бидејќи имаа пауза


Лекар одбил да прегледа шест месечно бебе со висока температура. Ова вчера вечер околу 19 часот се случило во поликлиниката Чаир. И покрај тоа  детето непрекинато плачело, лекарот и сестрата со оправдување дека се на пауза им рекле на родителите  да почекаат 30 минути. Таткото на Аник, Агим, пред камерата на Сител говореше за крајно лошиот однос на вработените кои во тие моменти биле на смена.

„Кога отидовме тмау, влеговме внатре и докторот и сестрата беа внатре и јадеа и пиеа нешто и викаа имаме пауза, ќе почекате пола саат. Прашав како е можно со болно дете во дежурна служба да ни кажете дека имате пауза“ – вели револтираниот родител

lekar44

Како што кажа Агим, и покрај тоа што во тие моменти бил доста нервозен, реагирал трезвено. А покрај крајно некултурниот и неетички однос, вработените од поликлиниката почнале и да им се закануваат на родителите.

„После докторот и кажа на сестрата, повикај полиција“ – вели Агим Исмаили

Откако не биле услужени во Чаир, тие својата среќа ја побарале во Детската клиника. Агим изрази голема благодарност до лекарите таму, кои и покрај големата гужва веднаш го прегледале детето.

„Добро што таму 4 амбуланти работеа цело време и веднаш не примија и не прегледаа таму“ – вели Агим

По анализите направени на детската клиника, на детето му била препишана соодветна терапија.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1