Од понеделник подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник, пак, како што соопшти УХМР, ќе биде многу студено и ветровито со провејување снег и во пониските делови, особено претпладнето. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула. Со промената на времето ќе се намали и загаденоста на воздухот.
Додека пак, утре во текот на денот ќе се задржи стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и ноќта ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со повремен слаб дожд. Врнежите дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет. За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.