Стотици летови од двата аеродроми во Истанбул, планирани за денеска и за утре се откажани поради обилните снежни врнежи.
Невремето предизвика и затворање на училиштата и предизвика хаос по улиците.
Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ откажа 265 летови од главниот истанбулски аеродром „Ататурк“ и 35 летови од аеродромот „Сабиха Гокчен“.
Отежнато е и движењето на фериботите низ Босфор, единствениот морски пат за руската нафта и за другите суровини од Црно кон Мраморно Море. Но, Босфор е отворен за бродовите.
Истанбулските власти вчера соопштија дека имаат над илјада автомобили и машини за расчистување на патиштата од снег, но ги предупредија граѓаните да патуваат само ако е неопходно.
Метеоролозите предвидуваат дека денеска ќе продолжи да паѓа снег.