Во 2016-та ќе се градат 4 нови болници и 5 ќе се реконструираат


Во здравството имавме повторно многу нови вложувања и ќе имаме уште повеќе во 2016та. Се изгради болницата во Козле, новиот простор за државната кардиохирургија, а ПЕТ центарот е при крај. Градбата на новиот клинички центар се одолжи, но конечно се бира изведувач и во 2016та ќе почне градбата на овој капитален проект, исто како и клиничката болница во Штип за која се одбра изведувач, изјави премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.kozle-3

-Почнаа голем број темелни реконструкции на болници, како во Битола, Прилеп, Св.Еразмо во Охрид. Следува и реконструкцијата на болницата во Струмица, и градбата на ургентниот центар во Куманово, двете во март 2016, како и реконструкцијата на клиничката болница св.Наум Охридски во Скопје. Во тек е и градбата на болницата во Кичево. Се реши проблемот со лековите за лица со ретки болести,се воведоа поливалентните вакцини, а се подготвува и отворање на центар за трансплантации во 2016та, изјави Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1