Снегот предизвика откажување на летовите од Истанбул – откажан и летот за Скопје


Стотици летови од двата аеродроми во Истанбул, планирани за денеска и за утре се откажани поради обилните снежни врнежи.

Невремето предизвика и затворање на училиштата и предизвика хаос по улиците.turkish-airlines.jpg500

Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ откажа 265 летови од главниот истанбулски аеродром „Ататурк“ и 35 летови од аеродромот „Сабиха Гокчен“.

Отежнато е и движењето на фериботите низ Босфор, единствениот морски пат за руската нафта и за другите суровини од Црно кон Мраморно Море. Но, Босфор е отворен за бродовите.

Истанбулските власти вчера соопштија дека имаат над илјада автомобили и машини за расчистување на патиштата од снег, но ги предупредија граѓаните да патуваат само ако е неопходно.

Метеоролозите предвидуваат дека денеска ќе продолжи да паѓа снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1