После моќната ерупција на вулканот кој се наоѓа во областа Лос Лагос, каде се наоѓа и популарната туристичка дестинација Пуерто Варас, евакуирани се 4.000 луѓе.
Сепак, она што помеѓу останатото го привлече вниманието на јавноста, но секако најмногу вниманието на теоретичарите на заговори и луѓето кои веруваат во приказните за вонземјани, е видео записот од ерупцијата на која се гледа некаков светлечки објект за кој тие веруваат дека е НЛО.
На видео записот кој се појави на интернет мрежата многумина тврдат дека е снимена токму летечка чинија. Она што со сигурност може да се каже е дека на записот се гледа летечки објект со две светла.
Погледнете и сами проценете за што станува збор: