„Да можам барем на уште еден ден да се вратам во младоста“


Приказна на еден пензионер кој трогна многумина, но сепак оваа порака ќе ги натера некои луѓе да размислуваат за тоа како да си го искористат секој миг од животот.

Овој 60 годишен човек ја отворил својата душа и посакал барем на еден ден  да се врати во младоста…

“Следната година во март ќе полнам 60 години. Во срцето сум млад, но силата станува се помала…Незнам дали вака почнува вистинската старост?tears1

Пред неколку години ги оженив своие синови, имам внучиња, со сопругата добро се согласувам, но таа проклета омалаксаност никако не ме напушта.

Уморен сум од се, кога ќе се погледнам во огледало ми се плаче. Луѓе мои, каде исчезна она црно згодно момче?

Остана само побелен стар чичко, понизок за 5 сантиметри, избрчкан, подгрбавен. Весници избегнувам да читам, кога и да отворам ќе најдам на тие страни слика на некој мој пријател или познат.

Еее…само да можам барем уште еднаш, за миг да се вратам во школскиот двор, да заиграм баскет со Столе, Виктор, Главоња, Бурек, Клемпо, Шики и јас…Но не вреди. Главоња и Столе веќе ги нема…Виктор едвај оди од реума, Бурек едвај врзува крај со крај…Дај ми Господе уште еднаш да заиграме, а да не гледаат Милица, Јоцка и Душица…

Затоа живејте онака како што вие сакате и трудете се да имате повеќе прекрасни мигови бидејќи тие мигови ќе ни бидат утеха во староста.

Извор: Попара

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1