Снимено ладнокрвно убиство сред бел ден во Подгорица (ВИДЕО)


На снимките од безбедносните камери од локалот во Подгорица каде се случило убиството се гледа како крупен, висок, човек облечен во црно, со качулка на глава и силиконска маска на лицето приоѓа на масата на која седи 49-годишниот Миодраг Крушчиќ со новинарка на подгорички Вијести и пука во него од пиштол марка „глок“ калибар 9 мм, известуваат црногорските медиуми.

Крушчиќ најверојатно е убиен поради деловни односи со припадници на шкаљарскиот клан.

Новинарката Јелена Ковановиќ која седела со Крушчиќ си ја повредила главата од стаклото кое се скршило во моментот додека се обидела да се скрие од егзекуторот. Насобраните станари од зградата и гостите во локалот, се обиделе да му пружат помош на Крушчиќ кој давал знаци на живот и во моментот кога стигнала итната помош.

Истражителите добиле дојава дека возило марка „голф“ е запалено не Ќемовско поље. Веднаш им било јасно за што станува збор. По истиот рецепт како во многубројните ликвидации кои се случија во изминатите години убиецот со најмалку еден помагач, побегнал со автомобил од самото место, и потоа го запалил.

Инаку, Крушчиќ барал состанок со новинарката, за да и го изложи проблемот во врска со закупениот дел од плажата Прстено, и пријавата која наводно инспекцијата ја поднела против него.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1