Скопјанец ширел порнографски материјал со малолетници преку Фејсбук, соопшти полицијата.
Д.Д. во период од 2012 до 2014 година во изнајмен стан во Скопје, во викендица во село Побожје, како и во хотел во Охрид и на локација во Кратово, откако снимил порнографски материјал со две малолетни лица од Скопје, ги пуштил до сите пријатели преку Фејсбук профилот на една од оштетените.
Од страна на судија на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.