Сноубордери предизвикале снежна лавина во Банско, нема повредени


Странски туристи предизвикале лавина над патеките во Банско. Сигнал за паднатата снежна маса до спасувачите пратил Романец, кој бил во реонот на месноста “Ечмище”.

Веднаш на самото место се упатиле тимови на Планинската спасувачка служба. Романецот не е повреден, но бил исплашен. Нема затрупани скијачи и сноубордисти во регионот, потврдија од планинската служба.SNOWBORD

Неколку лавини се паднати и во Пирин, поради временските услови кои предизвикуваат лизгање на снежната маса. Во областа на ски зоната се монтирани шест системи за контролирано да ги разнесат лавините, но тие се активираат во време кога на планината нема скијачи и туристи.

Спасувачите коментираат дека многу често сноубордисти предизвикуваат локални лавини надвор од означените места за зимски спортови за да си го креваат адреналинот. Предизвикувањето на т.н. “рутински” лавини сепак е ризично и апсолутно забрането.Но и покрај предупредувањата, сепак скијачите не ги почитуваат, алармираа планинските спасители во Банско.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1