Сноуден советува: Бегајте од Dropbox, Google и Facebook (Видео)


Едвард Сноуден во своето последното интервју во врска со заштитата на приватноста вели дека луѓето треба да користат енкрипција на податоци, но исто така и да престанат со користење на услуги кои се штетни за приватноста.

– Прво, треба да се ослободите од Dropbox, бидејќи не поддржува енкрипција. Разгледајте алтернативи, како што се SpiderOak . Немојте да испраќате неенкриптирани пораки, наместо тоа користите ги услугите како што се RedPhone и Silent circle.“ вели Сноуден.

Тој, исто така, укажува на тоа дека, иако Фејсбук и Google ја подобрија заштитата на приватноста, остануваат „опасни сервиси” кои луѓето треба да ги избегнуваат.

snouden cia

Претходно во текот на интервјуто, Сноуден ги негираше наводите дека зголемената енкрипција во iOS ќе ги загрози напорите во врска со борбата против криминалот.

Тој вели дека безбедносните служби сѐ уште да бидат во можност да добијат налог за пристап до информациите од телефонот на било кое осомничено лице, вклучително и до енкриптираните податоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1